Продолжувањето на руско-украинските преговори е планирано за утре, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Реагирајќи на изјавата на Алексеј Арестович, советник на украинскиот претседател, кој рече дека во моментов се водат преговори меѓу Русија и Украина, тој изјави дека преговорите не се водат сега, туку се планирани за понеделник.
– Не. Преговорите се планирани за утре“, изјави Песков за РИА Новости, одговарајќи на прашањето дали преговорите меѓу двете страни се во тек.
Советникот на украинскиот претседател Арестович претходно изјави дека Украина и Русија денеска водат активни преговори, како и дека ситуацијата околу опколениот град Мариупол е во посебен фокус на украинските власти.
„Разговорите во моментов продолжуваат“, Ројтерс ја цитираше изјавата на Арестовиќ на националната телевизија.
Арестович, меѓу другото, рече дека Украина има доволно војници распоредени во Мариупол за да го спречи заземањето на тој град, со, како што рече, опколување на руските сили.