Во Украина пристигна хуманитарен товар тежок 15 тони, кој вклучува храна за бебиња од Италија, конзервирани супи од Германија, материјали за шиење и лекови од САД, јави Фокс Њуз.
– Во време на тешки искушенија, секој од нас мора да даде сè од себе за нашата заедничка победа. И сега е многу важно да се пружи помош на цивилното население, бидејќи луѓето ќе разберат дека нема да бидат оставени сами во неволја и секогаш ќе бидат запаметени, изјави генерал-полковник Сергеј Наев.