„Нападот на украинската армија врз Доњецк со ракетата „Точка У“ со касетно полнење е кршење на меѓународното хуманитарно право и се поистоветува со терористички напад и воено злосторство“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Русија во ОН. Василиј Небензија.
Русија испрати писмо до Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание како официјален документ. Во него се наведува дека „нападот што го извршија украинските вооружени сили не само што е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право, туку се поистоветува со терористички напад и воени злосторства врз цивили“, пренесува Спутник.