СДСМ и ДУИ откако се на власт ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа е дел од цена која требаше да се укине, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со високата цена на горивата.

Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:

Доколку СДСМ и ДУИ наместо дневна корист гледаа долгорочно за граѓаните ќе го прифатеа предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%. Со тоа ќе се анулираше зголемената акциза од 13.13 денари која е резултат на владеењето на оваа власт.

Со намалување на акцизата за 50% граѓаните ќе точеа горива по разумни цени, а индустријата и земјоделците ќе имаа помали трошоци на производство.

Но наместо да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тие излегоа со половично решение за намалување од 30%, кое е врзано со цената на суровата нафта на светските берзи.

Дополнително за да биде очајот поголем веќе два дена се фалат со намалување на цената на горивата кое е исклучиво резултат на падот на цената на нафтата на берзата, а не резултат на Ковачевски и СДСМ.

Народот ја гледа проѕирноста на владата, нивните мерки немаат суштина и не носат долгорочен резултат.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ