Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека САД сакаат светот да изгледа како американски бар каде што Американците го имаат главниот збор, пренесува Скај њуз.
– Има многу земји, рече тој, кои не сакаат да примаат наредби од „чичко Сем“, иронично изјави Лавров.
Лавров додаде дека санкциите ги прават Русите посилни и дека изгубиле секаква илузија дека некогаш Русија може да се потпре на Западот.