ПЕТКОВ ПО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БОРИСОВ: Обвинителството не е независно, се однесува како адвокат и крие факти

/ 19.03.2022

По 24 часа во притвор поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вчера доцна вечерта е пуштен на слобода. Против него во овој момент нема да биде подигнато обвинение.

Пред бројните поддржувачи кои го скандираа неговото име обвини за политичка репресија. Рече дека во притвор бил држен без никакви обвиненија и изрази загриженост за својата безбедност.

Дека нема да биде подигнато никакво обвинение против Борисов доцна вечерта потврди и софиското обвинителство. Велат, дека до овој момент немаат доволно докази за тоа.

Бугарскиот премиер не го криеше разочарувањето од ваквата одлука на обвинителството. Го обвини за саботажа.

Во Бугарија нема независно обвинителство, рече Петков.

Според него, информациите добиени за овој случај од изнудено лице се прикриваат и игнорираат, со цел како што рече, да не се спроведе истрага по закон.

„Во Бугарија независно обвинителство нема. Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога се работи за лица обвинети за корупција. Обвинителството има уште еден сериозен проблем, а тоа е дека во врска со овој случај во моментов работи и Европското обвинителство. И додека очигледно се сокриваат факти и бугарската јавност не може да определи дали и како тие дејствуваат, сега има паралелна европска структура на која и веруваме многу повеќе.

Борисов беше уапсен под сомнение за злоупотреба европски пари. Бугарското МВР тврди дека Борисов земал мито од магнат со игри на среќа во замена за поврат на данок. Полицијата објаснува дека поради итност не ја координирала акцијата со Обвинителството. Бугарските медиуми пишуваат дека новата Влада во Бугарија на овој начин сакала да го заобиколи главниот обвинител Гешев на чија сметка има замерки дека замижува пред корупцијата.


Од истата категорија