Српскиот претседател Александар Вучиќ ги осуди двојните стандарди на Западот кон Косово и Украина.

– Ни кажуваат за територијалниот интегритет на Украина, ни покажуваат празни верувања. Знаете што им е нејасно на луѓето во Србија: како не се сетивте на ова во 1999 година?- рече Вучиќ.

Тој додава дека Западот врши притисок врз Србија со цел таа земја да воведе санкции кон Руската Федерација.

Вучиќ напомена дека никој не знае што го чека утре и дека тоа ќе биде најтешката ситуација на светот од 1945 година, јави Танјуг.

– Ова е детска игра денес во однос на тоа што ќе се случи кога ќе падне Мариупол и кога ќе се случат некои други работи, додаде претседателот на Србија.