За изминатата 2021 година извештаите ЈП Водовод и канализација покажале загуби од 60 проценти кои не се фактурирани. Поради старата и дотрајана водоводна мрежа лани е загубена една третина од водата за пиење.
-Имаме губиток на вода од 60 проценти што е поразително за нас како општество и како Град Скопје. За жал е дегутантно да зборуваме за кражба на вода во 2022 година, но тоа ни се случува и навистина е лоша појава која дополнително го оптоварува системот посебново летниот период. – Златко Перински – Директор на ЈП Водовод и канализација.
Но освен проблемот со мрежата, кражбите и дивите приклучоци, тука е и загубата на питка вода која во најголем дел доаѓа од изворот Рашче, а се користи за потреби каде би требало да се користи техничка вода.
-За жал се уште во Скопје се троши природен ресурс, питка вода за наводнување зелени површини, за перење улици. – Златко Перински – Директор на ЈП Водовод и канализација.
Каде се точно се загубите поради старата водоводна мрежа, директорот Перниски најави дека ќе се прави анализа, но и бара помош од државата.
-Тука сме за мандати но за вода ќе биде битно и декадно, заедно направивме апликација за да имаме подобро знаење каде губиме вода и колку ќе чини тоа во иднина. – Насер Нуредини – Министер за животна средина и просторно планирање.
Денеска кога се одбележува светскиот ден на водата се апелира на рационално и совесно користење на водата. Во меѓувреме и здружението на јавните комунални претпријатија во земјава бараат средба со Владата заканувајќи се дека нема да можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да чистат ѓубре поради високите сметки за струја.