Револтирани од како што велат игнорантскиот однос на Владата и надлежните министерства и неисполнетото ветување за скалесто покачување на платите во јавниот сектор, вработените и синдикалците, незадоволството ќе го искажат на протест закажан за 30 март пред Собранието. Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски вели дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи не можат да толерираат манипулирање со јавноста, но не исклучува и генереален штрајк доколку надлежните останат глуви на нивните барања.
-Половина од вработените во Република Македонија а тоа се 400.000 земаат некаде до средна плата која што е околу 21.700. Тоа значи дека пола од вработените живеат во сиромаштија а минималната плата се покачува само за 10% од работниците. Тоа значи дека ова не е победа на Синдикатот, ова е голем пораз затоа што останатите 90% остануваат со исти плати, истакна Благоја Ралповски.
Поддршка за најавениот протест на КСС пристигна и од СОНК од каде бараат поголеми плати за вработените во секторите образование, наука и култура а претходно со протест се заканија и синдикатот на УПОЗ кој како и КСС бара скалесто усогласување на платите со минималецот.