Орце Камчев, еден од обвинетите за случајот „Плацеви на Водно“ денеска во судницата одговараше на прашањата од обвинителката Лиле Стефанова.

Според него, Груевски ги заменил плацевите на Водно со три стана на атрактивна локација, исто така, на Водно.

„Груевски се откажа комплетно од сите плацеви, побара адекватни станови. Бидејќи требаше да се затвори целата трансакција, сите плаќања од Орка кон Сирах лимитед и така натаму, се направени комплетно така како што обвинителството ги има напишано. По барање на Груевски, плацевите се компензираа со станови на атрактивна локација од 750 метри квадратни“, изјави Камчев.