Во најновото видео обраќање до нацијата украинскиот претседател Володомри Зеленски кажа дека преговорите со Русија мора да бидат разумни, а украинскиот суверенитет мора да биде загарантиран додека се обезбедува територијален интегритет, пренесе Укринформ.
-Со задржувањето на руските акции, нашите бранители го водат руското раководство до едноставна и логична идеја: неопходен е разговор. Смислен. Итен. Чесен. Поради резултатите, не поради доцнењето, рече Зеленски.
Тој нагласи дека „разговорот мора да биде осмислен, а украинскиот суверенитет мора да биде загарантиран, со обезбедување на територијалниот интегритет на Украина“.
-Односно, условите мора да бидат правични, а украинскиот народ нема да прифати никакви други, рече Зеленски.
Украинскиот претседател во своето видео обраќање повтори дека во овој конфликт веќе загинале 16.000 руски војници и запраша кое е оправдувањето за толку многу жртви, пренесува Укринформ.