Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој не се појавуваше во јавноста повеќе од две недели, денеска одржа работен состанок со воениот врв и изјави дека воената операција во Украина се изведува според планот, и покрај тешкотиите, соопшти руското Министерство за одбрана.

Британските медиуми потсетуваат дека последните денови многу се шпекулираше за тоа каде е рускиот министер за одбрана, бидејќи не беше виден во јавноста од 11 март.

Во видеото лиферувано од Министерството за одбрана, а пренесено на социјалните мрежи, Шојгу зборува дека со Министерството за финансии разговарал за прашањата поврзани со воениот буџет и одбранбените наредби.

-Одржавме состанок со Министерството за финансии за повеќе прашања во однос на извршувањето и буџетските обврски за оваа година и најважно за државната наредба за одбраната. И покрај тешкотиите што ги имаме денеска план го исполнуваме. Продолжуваме да ја подобруваме набавката на оружје и опрема со кредитни средства. Приоритети се прецизното оружје со долг дострел, авионската опрема, како и одржувањето на борбената готовност на стратешките нуклеарни сили, рече Шојгу.

На состанокот се гледа дека присуствувале и голем број највисоки руски воени претставници, меѓу кои и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, кој, исто така, од неодамна не беше појавен во јавноста.