Македонските навивачи, кои што се подготвени да ги бодрат фудбалерите на историскиот натпревар со Португалија во Порто, конечно ги добија посакуваните вести.
Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека од денес започнува со продажба на билети за финалниот натпреварот од баражот за Светско првенство. Преку официјалниот партнер за продажба на билети „Mk Tickets“ македонските фанови до парчето хартија кое што го посакуваат ќе може да стигнат за цела од 820 денари.
Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра на стадионот на Порто „Драгао“, кој ќе биде исполнет до последно место, откако домашните фанови за само неколку часа ги испразнаа билетарите.
Финалниот натпревар од баражот за Мундијал во Катар се игра в вторник, со почеток од 20:45 часот.