Денеска заедно со премиерот (Димитар) Ковачевски и колеги министри бевме присутни на објавувањето на резултатите од пописот, објави вицепремиерот Артан Груби.
– Пописот на населението се спроведуваше според европските стандарди и дава реални и валидни податоци за процентот на заедниците кои живеат во РС Македонија. Честитки до Државниот завод за статистика и сите други институции вклучени во овој процес, кои покажаа професионалност и ефикасност до завршување на резултатите, објави Груби на својот официјален профил на Фејсбук.
Вицепремиерот Груби, во својата објава, задоволството од пописот го илустрира и со галерија од фотографии од денешното објавување на резултатите според кои само кај Албанците има задоволство од порастот на процентот во вкупното население во Република Македонија.
(Д.Г.)