Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) на Бугарија истражува „многу сериозна руска шпионска дијаспора во Бугарија, која работи на многу различни интереси“, изјави во четвртокот (31.03) бугарскиот премиер, Кирил Петков.
„Некои од работите коишто ми ги пријавија се дека има руски агенти кои работеле против нашите односи на разбирање со … Македонија и дека нема европска иднина за Западен Балкан“, додаде тој. Претходно Специјалното обвинителство и ДАНС покренаа истрага за шпионските врски, но се уште нема информации за тоа.
Петков оцени дека „во моментов Западен Балкан ризикува да биде втората точка на конфликтот поврзана со војната во Украина. „Најлошото е што Западен Балкан повторно е регион со висок ризик на нестабилност – и политичка и секаква“, вели тој.