Македонскиот прволигашки фудбал се враќа на терените овој викенд по двонеделната репрезентативна пауза поради квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Редовното 25. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) попладнево од 15 часот ќе го отворат Работнички и Струга.

Преостанатите пет натпревари се на програмата утре во истиот термин.

ПМФЛ – 25 коло: Работнички – Струга (сабота), Академија Пандев – Скопје, Брегалница – Ренова, Македонија ЃП – Пелистер, Шкендија – Борец, Шкупи – Тиквеш.

Табела: Шкупи 58, Академија Пандев 48, Шкендија 47, Македонија ЃП 43, Ренова 36, Брегалница 36, Работнички 31, Струга 30, Скопје 22, Тиквеш 21, Борец 13, Пелистер 10.