Ракометар на суперлигашот Бутел се бори за живот на скопските клиники и се наоѓа во тешка состојба откако рано изутрина бил донесен во болница со тешки телески повреди.
Според информациите на 24Ракомет станува збор за Д.Т. (27) кој настапува во скопскиот клуб, и кој рано изутрината бил примен во скопските клиники со тешки телесни повреди.
-Од клубот потврдуваат дека нивен ракометар се наоѓа во болница, и дека состојбата е тешка, но немаат информации што точно се случило. Од болнички извори за 24ракомет потврдуваат дека ракометарот бил примен со бројни повреди и неколку скршеници, кои најверојатно се од тепачка или со удирање од тврди предмети, и се наоѓа во тешка здравствена состојба и се бори за живот, пренесе 24Ракомет.
Од МВР засега нема информација, но се очекува расветлување на случајот како ракометарот ги добил повредите.
РК Бутел: Денис Тот претепан во Скопје, се бори за живот
Хрватскиот ракометен интернационалец од клубот Бутел се бори за живот во една од скопските болници, откако бил претепан вчера во Скопје.
Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали.
Според неофицијалните информации, Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.
За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија.
– Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.
Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот.