Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, предупреди дека помошта во оружје што западните земји и ја даваат на Украина, само го влошува судирот и потенцијално може да доведе до директен конфликт меѓу САД и Русија.
Антонов за американскиот „Њузвик“ оцени дека западните земји се директно вклучени во настаните во Украина бидејќи продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје и на тој начин го поттикнуваат на натамошни конфликти.
Рускиот амбасадор посочи дека таквите постапки се опасни и провокативни бидејќи, како што наведе, се насочени против Русија.
Тој нагласи дека тоа може да доведе до директна воена конфронтација меѓу САД и Руската Федерација.
Антонов го повтори ставот на Москва дека сите конвои на територијата на Украина со оружје и воена опрема пристигнати од Запад се легитимна воена цел за вооружените сили на Руската Федерација.