Гласачките кутии во Франција се затворени, а белгиските и швајцарските медиуми ги објавија резултатите од излезните анкети во Франција, а според нив во вториот круг влегуваат Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Интересно е што и двајцата имаат по 24 проценти.

Левичарот Жан-Лук Меланшон, кој се надеваше на втор круг, освои 19 отсто од гласовите, додека Ерик Замур освои само осум отсто.

Во првиот круг учествуваа вкупно 12 претседателски кандидати, а како и на минатите избори, се очекува во вториот круг повеќето гласови ан кандидатите кои отпаднаа да се прелеат кај Макрон.

Француската изборна кампања беше во сенка на војната во Украина.

Францускиот претседател има далекусежни овластувања и на таа позиција е пет години. Тој е помоќен од премиерот што го назначува и има одлучувачко влијание врз судбината на државата.

Резултатите од излезните анкети беа објавени само во Белгија и Швајцарија, бидејќи во Франција тоа би значело кршење на изборниот молк.