Австрискиот канцелар Карл Нехамер утре ќе отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска портпаролот на австриската Влада.

Нихамер со тоа ќе биде првиот европски челник кој ќе се сретне со Путин во Москва од почетокот на руската офанзива во Украина на 24-ти февруари

„Ќе отпатува откако за тоа ги информираше Берлин, Брисел и украинскиот претседател Владимир Зеленски, за да го поттикне дијалог“, соопштија од австриската влада.

Австрискиот канцелар Нехамер во саботата ја посети Украина за да ѝ изрази поддршка на украинската влада и се сретна со претседателот Зеленски. По доаѓањето во Киев, за новинарите изјави дека злосторствата во предградието Буча мора целосно да ја истражат независни меѓународни стручњаци.

Австрија, којашто е воено неутрална па така не е членка на НАТО, досега меѓу другото на Украина ѝ додели 10.000 шлемови и 9.000 заштитни елеци за цивилни потреби.