Првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски не бил избеган надвор од земјава и се криел во објект во Скопје, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
На прашањето дека осомничениот сам се предал на полицијата и дека всушност не бил уапсен, Спасовски на ТВ 24 рече дека тој се предал по повеќечасовни активности на тимот за потраги во Скопје и е приведен во полициската станица Аеродром.