Сите мора да се водиме од интересот на учениците, истакна на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Интегрално го објавуваме текстот од прес-конференцијата:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Сите мора да се водиме од интересот на учениците.

Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава.

Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици.

Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.

Тоа се гледа и по зголемените плати кои за четири и пол години ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари.

Но покрај платите сериозно инвестираме во подобрување на условите за работа на наставниот кадар.

За четири и пол години изградивме и реконструиравме над 80 училишта, а за оваа, 2022 година предвидени се над една милијарда денари за капитални проекти во образованието.

И оваа година ќе следува раст на платите во образованието, тоа ќе го постигнеме низ дијалог со Синдикатите и сите засегнати страни.

Затоа, апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставата да продолжи, ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.

Да не дозволиме наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници.

Ние како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците.