Шпанската полиција заплени околу три тони кокаин од рибарски брод, јужно од Канарските Острови, јави агенцијата Анадолија.
Во соопштението на полицијата се наведува дека уапсени се пет членови на екипажот на бродот долг 20 метри, АКТ 1, а дрогата била во резервоарот за гориво. Се верува дека дрогата доаѓа од Јужна Америка.
Од полицијата нагласуваат дека фокусот е ставен на сузбивање на таканаречената африканскака рута за јужноамерикански шверцери, кои ја префрлаат дрогата на рибарски бродови, пред да ја прошверцуваат во Европа.