Русија е подготвена да воведе прекин на огнот во секое време за евакуација на украинската армија, како и цивилите од територијата на фабриката Азовстал во Мариупол, изјави денеска генерал-полковник Михаил Мизинцев, шеф на Националниот центар за контролата на одбраната на Руската Федерација.

Мизинцев нагласи дека „режимот на молк“ околу фабриката „Азовстал“ ќе започне веднаш штом украинските војници кои се блокирани во фабриката ќе подигнат бели знамиња.

Принципот на работа на хуманитарните коридори од Азовстал е следен:

* Излезот на цивилното население се врши во секој момент, и на територијата контролирана од Вооружените сили на Украина и на Руската Федерација (секој ја донесува оваа одлука независно).

* На војниците на вооружените сили на Украина, на милитантите на неонацистичките баталјони и на странските платеници кои се предале, им е гарантиран живот.

* На овие категории граѓани им се гарантира целосна безбедност.

* На сите, без исклучок, ќе им биде обезбедена квалификувана медицинска нега, вклучително и примарна нега на собирните места.

* Оваа хуманитарна иницијатива на Руската Федерација работи дење и ноќе.

* За реализација на активностите на оваа хуманитарна акција, руската страна во градот Мариупол постојано располага со доволен број автобуси, возила за превоз на луѓе, како и амбулантни возила со медицински екипи.

* Оваа итна изјава е предмет на итна комуникација до Обединетите нации, ОБСЕ, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и други меѓународни организации, дипломатските претставништва на сите странски земји преку сите достапни канали за комуникација и информации.

* Оваа изјава ќе биде континуирано доставувана до украинските формации на Азовстал преку сите радио канали во интервал од 30 минути.

Повеќе од 143.000 цивили и 341 странски државјанин се евакуирани од Мариупол, а 1.800 украински војници кои се предале биле безбедно изнесени од градот, рече тој, изјави Мизинцев.