Дефицитот за 2022 година, првично проектиран на 4,3% од БДП или во апсолутни бројки – на 540 милиони евра, со најавениот ребаланс на буџетот се очекува да порасне за околу два проценти поена или за нови 200 милиони евра, изјави вечерва вицепремиерот за економски прашања Битиќи.
Инаку, Македонија со години се обидуваше да не надминува повеќе од 3 отсто буџетски дефицит колку што е критериумот на ЕУ за влез во еврозоната (еден од трите). Економсите експерти во светот, пред се во ЕУ сметаат дека 3 отсто буџетски дефицит е доволен за земјата да има развој, а не епремногу висок за да втурне во некакво должниќко сценарио.
Битиќи, смета дека зголемување на платите во образованието, макар и за 10% како што предлага Влада, ќе влијае на зголемување на инфлацијата, но вели дека тоа е пресметан ризик.