И екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков размислува да се спогоди за случајот „Империја“ исто како што направи Орце Камчев, информира денеска шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
-Има најави дека и Мијалков сака спогодба, но ќе видиме што ќе понуди и сигурно ќе биде поголема и сумата што би требало да ја уплати во Буџетот на државата – рече Русковска на Телма.
Воедно, таа истакна дека во рамки на истрагата за „Империја“ било утврдено дека фамозната офшор-компанија „Ексико“ дефинитивно била на Мијалков, а во тој контекст ја спомена и „Дивелоп Груп“, во чија сопственост е Мериот.