Наводно, Министерството закултура немало надлежност за споменици, тврди министерката за култура, туку за меморијални споменици надлежно е Собранието, а за спомен облежја – општините. За полуписменото македонско новинарсто ова е доволно.
Но, работите не стојат баш така.

Министерството за култура, согласно Законот за меморијални споменици и спомен облежја, врши контрола над спроведувањето на Законот и ја контролира законитоста.

Така што Бисера Костадинова Стојческа е надлежна да утврди дали споменикот во Слупчане на УЧК е дивоградба, а ако е, што се чини е видливо и со голо око, да се обрати до министерот за транспрот, Бочварски. Впрочем, еве што пишува во Законот во делот за надзор и контрола над неговото спроведување:

НАДЗОР И КОНТРОЛА

Член 26

„Надзор и контрола над спроведувањето на овој закон врши Министерството.

При вршењето на надзорот над работата на органите на општината, Министерството ги врши следниве работи:

– ја следи законитоста на работата на органите на општината и презема мерки и активности и поднесува иницијативи за остварување на надлежностите на општината во согласност со овој закон;

– оценува дали органите на општината обезбедуваат надлежностите на општината да се извршуваат согласно со стандардите и постапките утврдени со овој закон;

дава препораки за доследно спроведување на надлежностите на општината во рамките утврдени со овој закон, на барање на органите на општината;

– го следи навременото донесување на прописите на општината;

– дава мислење и стручна помош по предлогот на прописите на општината, на барање на органите на општината и

– навремено ги известува органите на општината за констатираните состојби во нивната работа и за преземените мерки при вршењето на надзорот.

Инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон врши Министерството преку инспекторите за култура, согласно со Законот за културата и Управата за заштита на културното наследство, согласно со Законот за заштита на културното наследство.

Во врска со примената на прописите за инвестициона изградба и урбанистичко планирање, надзор и контрола вршат органите надлежни за работите за инвестициона изградба и урбанистичко планирање.“

Тоа вели Законот за споменици.

Патем Стојческа би требало да го прочита и член 2 од истиот Закон. Во него е предвидено следното:

Член 2

Со подигањето на меморијалните споменици и спомен-обележјата се одбележуваат значајни настани и истакнати личности од историјата и културата на граѓаните на Републикa Македонија, на македонскиот народ како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, како и историјата и културата воопшто, кои се од исклучително значење за општествениот развој на Република Македонија, со што се придонесува за остварување и унапредување на слободите и правата на граѓаните, како и за афирмацијата, примената и почитувањето на начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.

Значи, меморијалниот споменик на УЧК, според СДСМ и Стојческа е значаен за

-културата и историјата на сите граѓани на РМ;

-е од исклучително заначење за општествениот развој на РМ;

-УЧК придонеле за слободите и правата на граѓаните, на пример, преку исчезнатите 12 цивили од тетовски, преку мавровските работници, случајот со мотеалот Бриони, преку сопирање на водата за Куманово итн;

-УЧК е значајна и за афирмацијата, примената и почитувањето на начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.

Еве го и член 3:

Член 3

Меморијални споменици, во смисла на овој закон, се поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата, скулптурата, сликарството и применетата уметност со историски и уметнички содржини и вредности што се подигаат за трајно зачувување на споменот на настаните и личностите од членот 2 на овој закон, а кои се од исклучително значење за Република Македонија (во натамошниот текст: меморијален споменик).

Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата.

Тоа го вели оваа одредба е дека споменикот од Слупчане кој секако не е спомен обележје, е за „настаните и личностите што се … од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата“.

Браво Стојческа. Но, госопаѓата скафандер и онака нема надлежност, нели! Е сега, тоа што Законот вели поинаку, не е битно, така?

Инаку колку за информација, дури и кога би го третирале споменикот на УЧК како спомен обележје, тоа мора да ги задоволува условите од член 2.

Значи, спомен обележјето треба да е значајно за:

-културата и историјата на сите граѓани на РМ;

-да е од исклучително заначење за општествениот развој на РМ;

-УЧК да придонеле за слободите и правата на граѓаните, на пример, преку исчезнатите 12 цивили од тетовски, преку мавровските работници, случајот со мотеалот Бриони, преку сопирање на водата за Куманово итн;

-УЧК да е значајна и за афирмацијата, примената и почитувањето на начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.

Инаку, оној господин кој во пролетта 2001 г. беше генерален секретар на НАТО, а се нарекува Џорџ Робертсон, македонската УЧК ја оквалификува како терористичка организација.

За воените злосторства извршени од нејзините членови, не важат националните закони за амнестија, а секој може да се увери во тоа при реакциите на сите светски органзиции за човекови права при обидот на Донлад Трамп да амнестира американски војници кои извршиле воени злосторства во Ирак.

Ах, да, има едни документи кои се нарекуваат Хашки конвенции за воените злосторства, четири се на број и плус два протоколи. Неверните, можат да ѕирнат и во нив.

Патем т.н. новинари можат слободно да продолжат да пишуваат за Ќосето и неговиот споменик. Е, да, и да се прават анкети за неговото враќање. Како што впрочем, цела УЧК беше прашана дали сака споменик во Слупчане.

Инаку, за подигање на споменик кој предизвикува национална пмраза, предвидена е казна затвор до три години.

“Член 27

Тој што ќе оштети или уништи меморијален споменик од членовите 1 и 2 на овој закон ќе се казни за кривично дело со парична казна или со затвор до три години.

Тој што ќе подигне меморијален споменик или спомен-обележје со кои се поттикнува или разгорува етничка, расна или верска омраза и раздор или кои се спротивни на уставниот поредок, ќе се казни за кривично дело со парична казна или затвор до три години.“

Истото важи и за тој што не реагирал да се спречи подигнувањето на тој споменик, а бил должен тоа да го стори. Така ли е гоподине обвинителе, Јовески? Што вели и великата Рускоска за ова, да не е ова здружување за врешње кривично дело?