Со елиминацијата на лондонски Вест Хем во синоќешното полуфинале фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт станаа првиот германски клуб кој обезбеди финале од воведувањето на Лига Европа во сезоната 2009/10.

За бундеслигашот од Франкфурт тоа воедно ќе биде прво европско финале по пауза од 42 години. Последен пат Ајнтрахт стигна до финале во 1980 година во Купот на УЕФА, кога и го освои својот единствен европски трофеј. Ајнтрахт играше и во финалето во Купот на европските шампиони во 1960 година и беше поразен од мадридски Реал со 7-3.

Нивниот противникот на 18 мај во Севиља, шкотски Глазгов Ренџерс, ќе го одигра своето петто европско финале во историјата, а прво по 2008 година.

Шкотскиот тим досега има само еден трофеј, во Купот на европските купови во 1972 година.