Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостува во емисијата Топ тема на Телма Телевизија. Зборувајќи за повеќе актуелни теми во државата тој уште еднаш појасни дека проектот од 900 милиони евра е епски криминал наДУИ и власта.
-Јас појаснив и претходно дека проектот Коридорот 8 или како го викаат не знам од 900 милиони евра кој извесно време се рекламира, тука имаме промена на сопственичкиот удел на една градежна компанија и јас оставам на вас вие како медиум да истражите дали таа компанија ја купи пратеник на ДУИ. Рамката која што ја бараат тие од ММФ е 900 милиони евра. Сега слушам тука имаат некои проблеми, турбуленции со каматната стапка, очекуваа да биде ниска, претходно не добија пари од еврообврзница па сега се свртеа кон ММФ, појасни
Мицкоски и ги повика Антикорупциска комисија како и другите надлежни институции да отворат предмет по допрен глас.
– Инаку Антикорупциска комисија слуша што зборуваме па може како индиција да го искористи тоа, допрен глас и уште утре може да почне постапка како што може да постапува за многу други предмети каде што немало потреба да постапува. Еве како што кажав ова е обид за епски криминал, а можат и сите други институции да постапат, ние стоиме на располагање за сите затоа што за нас правдата и борбата со корупција и криминалот е неприкосновена, рече Мицкоски.