Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека разговорите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија продолжуваат, но ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај, објави БГНЕС.
Тој, стои во објавата, исто така уверил дека продолжуваат разговорите меѓу двете влади.
– Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно, рекол Петков.