Историјата креира и иднина, затоа и најважно е заеднички да ги сакаме и двете држави кои се во традиционално добри односи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е во посета на иселениците од Македонија (која ја означува само со знаменце) во Турција.
– На мое големо задоволство имав можност и во Маниса, пријателска Турција, да се сретнам со претставници на повеќе македонски здруженија: професори, лекари, бизнисмени, што само покажува каков капацитет на наши сонародници е присутен тука, добро организиран, кој сиве овие години работи на сочувување на македонската традиција, ја одржува за да прерасне во култура и традиција која ќе ја наследат идните поколенија, за што искрено им благодарам. Заеднички продолжуваме со јакнењето на нашето партнерство, пријателство и братство, бидејќи историјата креира и иднина, затоа и најважно е заеднички да ги сакаме и двете држави кои се во традиционално добри односи, објави Спасовски на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Спасовски од вчера преку својот профил на ФБ во неколку наврати објавува прилози од поестата, каде избегнува да го спомне името на државата која ја претставува како министер и користи симболи за означување на Македонија.