Седумнаесет домаќинства, чии имиња не се објавуваат, а кои трошат струја колку 30% од домашното хидропроизводство на електрична енергија во Македонија ќе плаќаат по цените од најскапиот од блок тарифите кои ги најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Се бара и модел за семејствата кои трошат од 0 до 100 киловат часови. Она до што е најблиску комисијата, е европскиот модел, односно фиксен надоместок.
Иако беа најавени пред неколку месеци, РКЕ заедно со професори од електротехничкиот и машинскиот факултет прави анализи во последните две недели, за да падне конечна одлука, дали ќе има три или четири блок тарифи. Евтината тарифа пак, ќе остане без ограничувања, бидејќи во ноќните часови има и вишоци на електрична енергија. Читањето ќе се сведе на дневно ниво, за да се знае кое домаќинство колку троши и во кој блок ќе биде сместено.
Регулаторната комисија се уште одлучува како ќе се регулира цената, но се размислува моделот, блок тарифите ќе бидат со иста цена, но да се врши корекција на повеќе пати во текот на целата година.
Блислимовски вели, ЕСМ и ЕВН Хоум работеле со загуби, а нивните барања за повисоки цени веќе се разгледуваат од страна на комисијата. Тој не е оптимист дека цената на струјата би се намалила под 200 евра за мегават час. Она што би го ублажило ценовниот скок е поголемо домашно производство на струја, но и поставување на фотоволтаици.
Посочи и дека постои група на потрошувачи кои според него, на спорен начин од отворен пазар се вратиле во регулираниот пазар.