Европаската унија, практично, го одобри бугарското вето за Македонија, која сега самата себе треба да си одобри дека е суверена држава, се вели во реакцијата на проф. д-р Солза Грчева, по вчерашното усвојување на резолуцијата на Европарламентот за Македонија.
Лидерката на партија Глас за Македонија, во својата реакција се огласи на Фејсбук. Таа на својот профил напиша:
– ЕУ практично го одобри бугарското вето за Македонија. Има зачудени после се што ни се случуваше? Жалам, треба да плаќаат данок за наивност. Сега треба Македонија да си одобри самата на себе, дека е суверена држава! Со сите нишани од кои се откажа. И аман доста беше од понижувања, порача универзитетската професорка Грчева.