Со заедничките патроли на кинеските и руските воздухопловни сили сакаме да ја зголемиме воената соработка меѓу двете земји, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.
– Ваквите стратешки патроли се организираат за тестирање и подигање на нивото на интеракција меѓу двете земји, за зајакнување на меѓусебната доверба и зајакнување на практичната соработка, рече кинескиот претставник по маневрите што ги извршија руските и кинеските воздушни сили над морето пренесе ТАСС.
Како што соопшти кинеското Министерство за одбрана „активностите не се насочени против трето лице и не се поврзани со актуелната меѓународна и регионална ситуација“.
Претходно денеска Јужна Кореја објави дека кинески и руски авиони го повредиле воздушниот простор на оваа земја.