Немаме причина да го укинеме ветото за С. Македонија, изјави заменик-претседателот на Бугарскиот парламент Кристијан Вигенин од редовите на Бугарската социјалистичка партија (БСП) во интервју за БНТ.

Според него, темата за С. Македонија станала предмет на политички злоупотреби од секаков вид.

“За Бугарија има стратешко решение, мора да бараме можни решенија, а не да трупаме политички дивиденди. Наша задача како држава не е да го задржиме ветото, и да ја сопреме С. Македонија, туку да ги реализираме нашите цели – правата на Бугарите во С. Македонја, заедничката историја и говорот на омразата.“ порача тој.

Вигенин ја поддржа идејата на премиерот Кирил Петков да се свика нов Советодавен совет за национална безбедност во однос на Република Македонија, додавајќи дека земјата не треба да ја интересира што очекуваат Брисел и Скопје.