Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, во чие време е изграден потпорниот ѕид во населбата Пинтија, кој вчера се урна по невремето во Скопје, преку Фејсбук се огласиза случајот.

„Во саботата по големото невреме и обилни дождови во Скопје падна потпорниот ѕид во Пинтија. Населба Пинтија е на стрмен терен наклонет према бул Борис Трајковски. За рушењето на дел од потпорниот ѕид на бул. Б.Трајковски, кај населбата Пинтија, сметам дека причината е немањето на целосна и соодветна атмосферска канализација и попречни решетки кои ќе ја прифатат атмосферската вода од улиците. Поради тоа целата количина на вода од огромните обилни дождови преку трите улични краци и преку дворовите удира директно на потпорниот ѕид“, вели Трајановски.

„Тој не е проектиран да биде брана за надојдените води. Од сликата може да видите дека на улицата која е во правец на бул Б. Трајковски има река од вода и како последица на тоа срушен е зидот точно кај што трите краци од улицата водат према булеварот“, додава поранешниот градоначалник во објавата на Фејсбук.