Спречена појава на град на над 80 отсто од регионите зафатени со градоносни облаци, објави денеска Владата на Република Македонија.

– Штетата во Лозово е последица на тоа што невремето се случило во доцните ноќни часови, а тоа е период во кој авионското дејство е невозможно од безбедносен аспект за пилотите. Министерот Љупчо Николовски ги повика општинските комисии веднаш да излезат на терен и да започнат со проценка на штетите и подготовка на елаборатите, како би можело навремено истите да стигнат до Владата и да бидат исплатени, објави Владата на својот официјален профил на Фејсбук.

Штетите од пожарите лани беа оти хеликоптерите не летаа ноќе, а годинава од истата причина не можеа да дејствуваат авионите. Останува да се молиме на Бога, или на природните појави, непогодите да не се случуваат воопшто или барем да не се случуваат ноќно време.