Првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски во Топ Тема на Телма изјави дека во декември кога ја носеле одлуката за цената на електричната енергија, за потрошувачка биле предидени 3.413.000.000 киловат часови, а сега се предвидува 3.946.000.000 киловат часови.

„Јас се вчудоневидив од оваа бројка. 533.000.000 киловат часови се планира да се зголеми потребата на регулираниот пазар на електрична енергија. Тие треба да се обезбедат. Минатата година производството на ЕСМ беше лошо. За да ги задоволиме овие потреби ќе ни требаат дополнителни пари да предвидиме. Цената на ЕСМ е 43 евра за мегават час. Остануваат 333.000.000 да се обезбедат на слободен пазар. Вкупно непланирни 105.000.000 евра во кои учествуваат општините од приближно 30 милиони евра“, изјави Бислимовски.

Според него, во делот што го прават општините треба да кажат правниците.

„Согласно член 3 став 1 од законот во точка 10 стои дека комуналната такса претставува јавното осветлвуање. Во член 20 тарифен број 10 став 3 стои дека наплатата ја врши електродистрибуција и овие пари се префрлаат на трезорска сметка на општината. Ова давчка за јавно осветлување е на ниво на данок. Во рамките на своите надлежности, РКЕ се што и стои на располагање ќе превземе да не бидат преоптоварени домаќинствата. Ако е криза, за сите е криза“, рече Бислимовски.

Првиот регулатор ги повика општините да бидат инвентивни и да постават фотоволтаици на своите кровови.

„Зошто општините не ги искористат крововите, на училишта, на градинки на сите институциите што ги имаат. Зошто општините не размислуваат покрај фотоволтаци, да не постават и мали хирдоелектрани, како што имаат поставено општините Кавадарци и Битола. Потрошувачката на ниво на државата е 90.000.000 киловат часови на регулиран пазар. Општините се обидуваат да влијаат врз цената на електричната енергија“, рече Бислимовски

Бислимовски вели дека има компании кои прават фиктивен договор па се враќаат на нормалниот пазар, и за тоа биле известени УЈП, пазарна инспекција и финансиската полиција.

„Сега кога ќе ја носиме одлуката нема да дозволиме овие непредвидени трошоци направени на начин во најмала рака некоректен, нема да удрат на грбот на домаќинствата. Не можеме да кажеме ќе формулираме разно разни начини за да се вратиме на регулиран пазар. Имаме проблем со домашното производство на електричната енергија и тој тренд трае од 2010 година“, рече Бислимовски.