Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју” на Телевизија Канал 5 истакна дека сите мерки кои Владата преводена од СДСМ ги презела биле детално планирани.
Ковачевски во емисијата „Само интервју” на Телевизија Канал 5 истакна дека сите мерки кои Владата преводена од СДСМ ги презела биле детално планирани, носени преку аналитички пристап во консултација со меѓународните финансиски институции и дека истите дале резултат.
„Тие мерки чинеа 400 милиони евра вкупно заедно со другите исплати во однос на субвенционирање на електричната енергија, 615 милиони евра и беа насочени кон намалување на даночните приходи, со намалување на акцизите на горива, намалување на ДВВ за горивата. Се уште е на важност намалувањето на ДДВ за електричната енергија. Понтаму, имавме директна финансиска помош кон пензионерите и најранливите категории на граѓани по 1.000 денари месечно, но обезбедивме и бескаматни кредити и половни кредити со многу ниски камати за енергетска трансформација на компаниите.” посочи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека поддршката за граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од кризата продолжува со нови мерки и нови форми на помош.
Во моментов се работи на редизајнирање на мерките со цел тие да бидат потаргетирани во периодот кој што претстои пред нас и најмногу да бидат насочени кон поддршка на животниот стандард на оние граѓани кои што се најпогодени од кризата. Мора да се биде и одговорен и во однос на Буџетот, мора да се биде одговорен и во однос на ликвидноста, во однос на стабилноста на финансискиот систем и затоа мерките се дизајнирани дел да бидат продолжени до крајот на годината, како што и продолжуваат, а дел да бидат редизајнирани. Ние ги следиме трошењата и движењата на цените во текот на сите периоди во годината, така што, согласно движењата, мерките ќе бидат како и до сега навремено подготвени и навремено презентирани се со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните.” порача претседателот Ковачевски.