Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се одлучи за својата иднина на крајот од кариерата. Четириесетгодишниот фудбалер постигна начелен договор со Шведската фудбалска асоцијација дека ќе стане амбасадор на организацијата.
Ибрахимовиќ последниот натпревар за репрезентацијата го одигра на 29 март против Полска (0:2) во финалето од квалификациите за Светското првенство 2022 година.
Беше објавено дека по операцијата на коленото, напаѓачот беше надвор од терените до јануари или февруари 2023 година, па поради тоа ќе се согласи на намалување на платата за нов договор со Милан.