„Фрустрирани сме што сè уште нема решение“, рече во Софија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, пред средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков. Според Вархеи, Унијата очекува договор меѓу двете земји до претстојниот Самит, закажан за 23 јуни.

„Се надевам дека од сите овие разговори во Софија и Скопје конечно ќе произлезе решение, за конечно евро-перспективата на … Македонија да биде, не само потврдена, туку и зајакната. Веќе сме јуни, а јунскиот Самит е круцијален датум, барем во нашиот календар и сакаме да видиме постигнат договор. Ова е круцијален момент“, рече Вархеи.