Во односите меѓу Бугарија и Република … Македонија не станува збор само за историски спор, важно е и почитувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата. Ова се неопходни услови кои … Македонија мора да ги исполни пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев по неговата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија.
Како што јави дописникот на МИА, Радев на средбата со Шолц инсистирал ЕУ да биде гарант за почитување на правата на Бугарите во … Македонија.
Неопходни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на … Македонија во ЕУ, истакнал Радев. Тој, како што се наведува во соопштението, ја нагласил и „важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Република … Македонија”.