Мирот во Украина е возможен, а едно од прашањата е на какви територијални отстапки може да биде натеран Киев, па НАТО помага киевските власти да ја „платат најниската цена“, изјави на прес-конференцијата во неделата во финската престолнина Хелсинки, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се брифингот пренесуван на мрежната страница на сојузот.
„Мирот во Украина е можен. Прашањето е која ќе биде цената. Колку територија, независност, суверенитет, слобода и демократија сме подготвени да платиме за тој мир. И тоа е тешка морална дилема… НАТО има намера да ѝ помогне на Украина за да ѝ овозможи најсилна позиција на преговарачката маса со Русија, која треба да стави крај на борбените дејствија“, оцени Столтенберг на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто.
Истовремено Столтенберг истакна дека војските на НАТО не се вклучени во војната во Украина, нагласувајќи дека Алијансата не сака ескалација на конфликтот да се прошири надвор од границите на земјата.
„Од самиот почетокот на војната, секогаш се обидувавме да ѝ помогнеме на земјата (Украина) во борбата за нејзината независност но максимално се грижевме да избегнеме ескалација, така што никогаш не влеговме на територијата на Украина и ги одбивме да создадеме зона на забранети летови“, рече Столтенберг.
Претходно во неделата украинскиот претседател Владимир Зеленски забележа дека светот станува заморен од ситуацијата во Украина, и оти почнало туркањето на Киев кон неповолен за украинската страна резултат од преговорите со Москва.
Претходно седмицава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да прецизира изјави дека на Украина ѝ се јасно искажани руските ставови за постигнување мир, но оти киевските власти одбиваат да преговараат, веројатно под притисокот на нивните западни покровители.