Албанскиот премиер Рама беше примен со државни почести на осмата заедничка владина средба меѓу двете земји. Рама на заедничката конференција со Курти рече дека „Отворениот Балкан“ не не обединува, но ниту не разделува.
„Точно е дека Отворениот Балкан не не обединува, но исто така е точно дека Отворениот Балкан и не не дели, што значи дека во ова точка имаме различни мислења, но тоа не ги спречува билатералните односи меѓу нас и да чекориме напред“, рече Еди Рама, Премиер на Албанија.
Курти рече дека за него се важни проектите поврзани со економскиот развој.
Од друга страна, Рама најави дека ќе се обрати пред Советот на Европа за неоснованоста на извештајот на Дик Марти и руското влијание во него, како што ги нарече приказните за жолтата куќа.
„Подготвуваме резолуција за албанскиот парламент. Лично ќе одам во Стразбур да се обратам до Советот на Европа за фактот што станува вознемирувачки. Тоа е целосна неоснованост на извештајот на Дик Марти и руското влијание во оваа приказна за жолта куќа и трговија со органи“ ,додаде Еди Рама, Премиер на Албанија.
Двете земји се договорија да ги укинат границите во текот на летото, за време на викендите.
Албанија и Косово постигнаа договори во областа на образованието, царината, енергетиката, земјоделството, патната инфраструктура, транспортот, здравството, одбраната и правдата.
Во транспортниот сектор беше постигнат договор за физибилити студија која го отвора патот за изградба на железничката линија Драч – Приштина, потоа беа претставени комерцијалниот проект „Порто Романо“ и Сувото пристаниште во Косово. „Соработката меѓу Косово и Албанија никогаш не била поширока и поинтензивна“, рече Курти.
Според него, на ваквите средби во минатото се потпишани 127 договори и 75 од нив се реализирани.