Пратениците на СДСМ гласаа против зголемување на платите во јавниот сектор, а одобруваат пари за златни прибори во влада.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Пратениците од СДСМ не сакаа да дадат зелено светло за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.800 денари, што побараа синдикатите.
Истите тие пратеници од СДСМ гласаат за буџетите кои ги предлага власта, и токму од последниот буџет, од парите наменети за Владата беа одвоени пари за купување на златен прибор за јадење од скоро 40.000 евра.
Од буџетски средства, кои се гласани во Собранието беа одвоени пари и за исплата на грантот на Заев кој е во износ од 1.4 милиони евра.
Но кога станува збор за поголеми плати за народот, пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат ниту да слушнат, а своето гласање го правдаат со вреѓање на работниците.
СДСМ и ДУИ не работат за народот, туку само за својот џеб. Премногу е.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ