Олгица Н. ТРАЈКОВСКА

Укажувам на една суштинска финеса, која, верувам, нашите експерти (ќе) ја имаат предвид:

1. Во 1991. Македонската држава е конституирана како „НАЦИОНАЛНА држава на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија,…“
Значи, согласно АСНОМските документи и др. КОНСТИТУЕНТ на самостојаната Држава е македонскиот народ.

2. После воената агресија и терористичките напади над МК Држава од 2001. и склучувањето на Рамковниот дговор, усвоени се суштински амандмани според кои Државата не е национална држава, туку се конституира како НОВА држава од повеќе апострофирани „малцинства“ именувани со нова терминологија (непозната!), како „делови од народи“.
Така: „Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите… ја КОНСТИТУИРААТ Република Македонија…“

Значи, сите малцинства, еднакво со македонскиот народ се ОДНОВО, по ВТОР ПАТ ја КОНСТИТУИРААТ (новата) Македонска држава, но поставена не на принципи на граѓанска, туку на национална држава („Бадентерово мнозинство“ и сл.) – сосема контрадикторна/амбивалентна на демократијата, рамноправност и принципите за функционалност и тн.

3. Според Преамбулата, КОНСТИТУЕНТИ на МК држава се оние „делови од народи“ кои се СВЕСНИ и БЛАГОДАРНИ на
своите ПРЕДЦИ за ЖРТВИТЕ и посветеноста во нивните заложби и БОРБА за создавање самостојна и суверена држава Македонија …“

4.По повод барањата – Бугарите како „дел од народ“ да се вградат во Уставот како нејзин нов КОНСТИТУЕНТ, се наметнуваат повеќе прашања/дилеми:
Бидејќи Државата е веќе конституирана од посочените конституенти кои дале свој придонес и жртви за самостојна МК држава, дали со внесување на Бугарите во Уставот ќе значи и НОВО конституирање на Државата од КОНСТИТУЕНТ кој не само што не дал свој придонес и жртви за самостојна МК држава, туку работел ПРОТИВ неа како дел од фашистички окупатор, што е децидно содржано АСНОМските документи, како непосреден, носечки темел на МК Држава.

Имено, дали следи ново – ТРЕТО КОНСТИТУИРАЊЕ на МК Држава од антифашистичка, во ФАШИСТИЧКА? Особено и поради современите, повеќедецениски фашистички политики спрема Македонците и македонското малцинство во Бугарија.