Четири држави од Г7 ќе го забранат увозот на руско злато како дел од новите санкции воведени кон Русија во одговор на нејзината инвазија врз Украина. Тоа денеска го соопшти „Даунинг стрит 10“ на првиот ден од самитот на Г-7 во Германија
„Тие мерки директно ќе влијаат на руските олигарси и ќе го погодат срцето на воената машина на Путин“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, кој присуствува на самитот на Г-7 во комплексот Елмау во Баварија.
Заедничката акција е преземена од Велика Британија, Канада, Јапонија и САД.