Владата продолжува да крие што се обврзала да промени во Преамбулата на Уставот на РМ. Еве што содржи втората точка од „ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СО НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ доставен од Владата до Собранието на РМ.

Како што можете да забележите, во него нема ништо освен најбедно замајување на јавноста со тоа дека ќе се внеле конкретни документи од АСНОМ во Преамбулата, небаре Грција не блокираше затоа што тие документи не се набројани во Преамбулата.

„2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ

Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.“