Силно невреме проследено со град денеска напладне ја зафати Преспа, јави МИА.
Најпогодени од невремето се селата Јанковец и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јабоката, чија берба е во полн ек.
Јаболкопроизводителите посочија дека штетата од градот ќе се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври.