Прашање е дали мораше и дали беше неопходно и најсоодветно, токму во време кога се решава еден од Бугарија наметнат чисто национален спор, министер за надворешни работи да биде еден Албанец и тоа по професија лекар, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.

– При тоа го имам предвид и со устав загарантираното право на секој граѓанин да биде носител на било која функција во државата. П.С. Освен тоа, време е Бујар Османи да соопштува за што со Бугарите, заедно со (владо) Бучковски, разговарале и преговарале, кога цело време тврди дека Бугарија не ги спори ни името ни македонскиот јазик и дека за тоа никогаш не се разговарало, вели Хајредини во неговата објава на Фејсбук.